Akordi-Mk @ Facebook

Wednesday, August 25, 2010

Владо Јаневски – Што и да е ќе помине

Аm G
Малечок бев и уште не знаев
Am G
дека плачат и возрасни
C G
одеднаш глеј врз мојот хартиен змеј
F G Am
капнаа солзи на мајка ми.

Восочни лица, оловна тишина
и прекриени огледала
невени парен број донеси стариот мој
и тивко шепна – најмила.

Am G Am G
Не ти е лесно знам мислиш светот се распаднал
C G F G Am
а секое лошо за добро е, што и да е ќе поминe

Стоиме вљубени јас и ти
крај оној јануарски воз
и желба в очи твој маслинести
до Мостар да направиш мост.

Околу нас ко пијани сватови
пеат “ој машино“ стоти пат
место заклетва ти реков зборови
штом појдам да останат.

Не тие лесно знам мислиш светот се распаднал
а секое лошо за добро е, што и да е ќе помине.

Нашата љубов уште живее
има име и ангелски лик
збунето стои на прагот од стварноста
со своите розови кошмари.

Твоето срце како лавица
над неа бдее и ноќи и дни
место приспивна со стара вистина
и бришеш први солзи љубовни.

Am G Am G
Не ти е лесно знам мислиш светот се распаднал
C G F G Am
а секое лошо за добро е, што и да е ќе помине.
Am G Am G
Болката не значи, да се предадеш затоа не плачи
C G F G Am
ме имаш мене и гушни ме, што и да е ќе помине.

No comments:

Post a Comment